6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ОВА Е НАЈГОЛЕМАТА КРИПТО ИЗМАМА НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Двајца браќа од Јужноафриканската Република исчезнаа со биткоини вредни 3,6 милијарди долари.

Според агенцијата „Bloomberg“, се верува дека браќата, на возраст од 19 и 20 години, парите ги добиле со измама, преку нивната компанија за инвестирање во криптовалути.

Оштетените инвеститори сега ангажирале адвокатска канцеларија од Кејп Таун која не успеала да ги лоцира браќата, поради што се свртеле кон Орлите, елитната полициска единица на Јужна Африка.

По зголемувањето на вредноста на биткоинот во текот на изминатата година, исчезнувањето на околу 69.000 биткоини би биле најголемaта сума пари некогаш изгубени во измама со криптовалути и би можело да ги охрабри регулаторите ширум светот конечно да воведат ред на пазарот во услови на растечки случаи на измама.

Првите знаци на проблемот се појавија во април, кога биткоинот достигна рекордна цена. Извршниот директор на „AfriCrypt“, Амир Каји (20), постариот од исчезнатите браќа, ги информирал своите клиенти дека бил жртва на хакерски напад и ги замолил да не го пријавуваат нападот кај властите за да не го забават процесот на враќање на исчезнатите пари.

Некои скептични инвеститори не му веруваа, па ангажираа адвокати од компанијата „HоneyCom“, додека друга група започна процес на ликвидација против „AfriCrypt“.

  • Веднаш се посомневавме дека нешто не е во ред, затоа што тие побараа од инвеститорите да не преземаат никакви законски мерки, рекоа од „HоneyCom“ додавајќи дека вработените во „AfriCrypt“ изгубиле пристап до платформата седум дена пред наводниот хакерски напад.

Понатамошната истрага утврди дека сите пари од Африка биле префрлени од сметки и крипто паричници во Јужна Африка преку мешавина од други криптовалути со цел да се попречи трагата.

Каџи и неговиот брат Раес (19) ја отворија компанијата во 2019 година и првично им понудија на своите клиенти огромен поврат на парите од инвестициите – до десет проценти. Сега и двајцата браќа ги нема.

Ова не е прв случај на измама од ваков вид во Јужна Африка. Минатата година пропадна „Mirror Trading International“, компанија што тргуваше со криптовалути. Тогаш исчезнаа околу 23.000 криптовалути во вредност од околу 1,2 милијарди долари, што беше наречено најголема измама во 2020 година во светот на криптовалутите. Исчезнувањето на „AfriCrypt“ е дури трипати поголемо.

Случајот сега го водат јужноафриканските финансиски власти, но во моментов е невозможно да се отвори официјална истрага бидејќи крипто-валутите во таа земја не се сметаат за легални финансиски средства.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести