5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ПОЗНАТИОТ АКТЕР СЕ ЗДЕБЕЛИЛ 20 КГ ЗА САМО 3 НЕДЕЛИ (ФОТО)

Марк Волберг порано беше модел за Calvin Klein, но и некој што се придржува до многу строг начин на живот, па неговите нови фотографии ги изненадија и загрижија неговите обожаватели.

Славниот холивудски актер неодамна наполни 50 години, но сепак е еден од омилените кај жените. Играше во бројни продукции, и често е на списоците на најплатените, но и најценетите актери.

Интересно е и тоа што неговиот живот денес е далеку помирен отколку во младоста, кога ги помина тинејџерските денови во затвор поради проблеми со дрогата. Тој беше обвинет за обид за убиство, и познат беше по расистички испади, но успеа да излезе од сè и да сврти нов лист благодарение на неговата вера, и тоа го извлече од бандата на која и припаѓаше.

Тој се обиде и со манекенството, а извесно време работеше и за престижниот бренд Calvin Klein, и токму тоа го направи ѕвезда и му овозможи да се пробие во светот на актерството.

Поради улогите, не му беше тешко да се трансформира, а денес е познат по бројните хит-остварувања во кои играше како „Boogie nights“, „Ted“, „The Departed“ и многу други.

Актерот поради своето проблематично минато се придржува до строг режим на живот, каде денот започнува со молитва во 2:30 часот наутро, а завршува со поминато време со семејството до 19:30 часот кога си легнува. Меѓу тоа време, тој има поставено неколку серии вежби и заеднички оброци со своето семејство.

Затоа беше изненадување кога неговите последни фотографии ги преплавија мрежите. Марк, кој е секогаш во топ форма, за само 3 недели се здебели 20 килограми и загрижи многу фанови со својот изглед.

За среќа, тоа беше само улога за филмот „Stu“ за поранешна легенда во боксот во тешка категорија.

  • Играм момче кое беше борец. Тој се пресели во Лос Анџелес за да стане актер, се заљуби во девојка, се случи несреќа, а потоа имаше духовно искуство надвор од телото и реши да стане свештеник – објасни актерот и додаде:
  • Почина од ретка болест, но имаше големо влијание врз многу луѓе за многу кратко време.

Марк со ентузијазам ја поздрави оваа улога, имајќи предвид дека конечно, со оглед на строгиот режим, може конечно да ужива во омилените задоволства на неговото срце.

  • Тие сакаа да качам тежина на здрав начин, но толку долго сум на строг режим, што едвај чекав да јадам палачинки – призна актерот.

Со вишокот килограми, Марк пушти и мустаќи, а исто така ја избричи главата па навистина да не личи на Марк на кој сме навикнале. Едно е сигурно – сите со нетрпение ја очекуваат премиерата на филмот, но и колку долго ќе му треба на актерот да се ослободи од сите овие килограми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести