5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Десничарската француска партија „Национално собрание“ на Марин Ле Пен, води во првиот круг од регионалните избори

Десничарската француска партија „Национално собрание“, на Марин Ле Пен, води во првиот круг од регионалните избори во регионот на Прованса-Алпи-Азурниот брег околу Марсеј, според излезните анкети по изборите, на кои рекордно мал број Французи отидоа.

Тиери Маријани од „Националното собрание“ освои 33 проценти од гласовите, покажа излез-анкетата, три проценти повеќе од Рено Муселије од партијата „Републиканци“, која склучи сојуз со партијата на францускиот претседател Емануел Макрон „Република во движење“, објави Ројтерс.

Според две излезни анкети, десноцентристичката партија „Републиканци“ е на првото место во првиот круг од регионалните избори во северниот регион От-де-Франс, каде води пред крајно десничарското „Национално собрание“.

Партијата „Република во движење“ на францускиот претседател Емануел Макрон не успеа да го надмине прагот од 10 проценти за да се квалификува во вториот круг.

Според анкетата на „Elabo“, излезноста низ целата земја е на рекордно ниско ниво, со стапка на воздржаност од 68,5 проценти, бидејќи гласачите претпочитаат да уживаат во сончевиот ден по неколкумесечни ограничувања поради COVID-19, според Ројтерс. Изборите ќе се одржат на 27 јуни.

Регионалните избори се тест за популарноста на десничарската лидер Марин Ле Пен и нејзиниот поумерен имиџ, помалку од една година пред следните претседателски избори. Според анкетите, Ле Пен е рамо до рамо со Макрон, објави европски „Politico“.

Социјалистите и конзервативните републиканци (ЛР), кои доминираа во француската политика до поразот во 2017 година, сè уште добро се држат на регионално ниво.

Секој од нив моментално ја има власта во пет региони, од вкупно 18. Националното собрание е во позиција да освои моќ во најмалку еден регион, што би било првпат во историјата на Франција.

Многумина во Франција сметаат дека регионалното гласање е чекор кон Елисејската палата за Марин Ле Пен, која ги загуби изборите во 2017 година токму од Макрон, изјави „EuroNews“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести