4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИМЕ ОД НОВ ЧЕРНОБИЛ !? (ВИДЕО)

Реакторот во единствената иранска нуклеарна централа „Бушер“ на југот на земјата е итно затворен, пренесува иранската државна телевизија.

Според неименуван претставник на иранската нуклеарна централа, реакторот ќе остане затворен најмногу три до четири дена.

Според медиумите, работата на нуклеарната централа била прекината во саботата со цел да се отстранат одредени технички дефекти.

Патем, нуклеарната централа „Бушер“ се смета за најголем руско-ирански проект.

Првиот блок на оваа нуклеарна централа беше пуштен во употреба во 2011 година.

Русија го снабдува Иран со нуклеарно гориво што е потребно за неговото функционирање, меѓутоа, во март, претставникот на оваа електрана рече дека Иран повеќе не може да добива делови од Русија за поправка, поради економските санкции што САД ги воведоа на Иран во 2018 година.

Техеран не соопшти која е причината за исклучувањето на реакторот, и дали станува збор за дефект или голема несреќа.

Светот, поучен од искуството со Чернобил се плаши од нова катастрофа со несогледливи последици!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести