2.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Вредни слики од 17-от век пронајдени во контејнер!

Сликите се пронајдени во одморалиште на автопатот А7, во близина на јужниот град Нирнберг, соопшти во петокот германската полиција.

Човекот ги пронашол сликите и ги однел во полицијата во Келн.

  • Првите проценки на експертите велат дека обете слики би можеле да бидат оригинални – објавија истражителите.

Една од сликите би можела да биде „Портрет на момче“ од Самуел ван Хугстратен, холандски сликар од 17 век, кој бил ученик на Рембрант.

Втората е најверојатно „Автопортрет на уметник“ од италијанскиот сликар Пјетро Белоти од истиот век.

Властите сега се обидуваат да откријат како овие дела завршиле во ѓубре.

Полицијата ги објавила сликите на Интернет, прашувајќи „Кој ги препознава овие слики и кој знае како завршија во ѓубре на паркингот?“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести