16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ „ПРЕВРТЕЛА“ ?!

Во еден момент, планетата Земја речиси се „превртела“ и потоа се вратила, што се случило пред 84 милиони години, тврдат научниците во новото истражување.

Меѓународен тим научници во студијата објавена во списанието „Nature“ наведува дека Земјата се навалила за 12 степени во периодот од 86 до 79 милиони години, што довело до тоа, на пример, Њујорк да биде на денешното место на Флорида, вели Сара Словник член на научниот тим.

Научниците анализирале палеомагнетна лава, како и историски наслаги од варовник пронајдени во Италија. Анализата покажа дека Земјината кора се движи за околу три степени на секои милиони години.

Како што објаснија, по навалување од 12 степени, нашата планета се вратила во првобитната положба.

  • Не очекувавме да откриеме ваков настан за враќање, рече Рос Мичел, геофизичар во Кинеската академија на науките и еден од авторите на студијата.

Научниците велат дека наносите на екстремно загреани карпи во мантијата на Земјата, кои се наоѓаат помеѓу надворешното јадро и Земјината кора, може да бидат причина за овој настан.

Друга хипотеза е дека движењата на тектонските плочи се одговорни за наклонот на Земјата, што може да го смени балансот на планетата, вели Рос Мичел.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести