23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ХОРОР: Огромна мрежа од пајаци ги покри австралиските градови откако неодамна беа забележани големи поплави во оваа земја

Огромна мрежа од пајаци ги покри австралиските градови откако неодамна беа забележани големи поплави во оваа земја.

Жителите на регионот Гипсленд рекоа дека мрежите налик на превез се појавија по неколку врнежливи денови, а во еден дел од земјата пајаковата мрежа се протега на повеќе од еден километар долж патот.

Експертите велат дека станува збор за пајакова тактика бидејќи тие користат мрежи за искачување на повисоките области.

Д-р Кен Вокер, експерт за инсекти од музејот Викторија, верува дека милиони пајаци ткаеле мрежи на дрвјата.

  • Пајаците кои се движеа по земјата сакаа брзо да достигнат височини. Мрежите се прицврстени на вегетацијата за да можат пајаците да избегаат од водата, рече тој.
    Пајаците сплетиле огромна количина пајажина што ги покрива мочуриштата меѓу градовите Сале и Лонгфорд.

Се очекува мрежите да се распаднат до крајот на оваа недела.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести