0.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

ПАЛЕСТИНА ИМ ГИ ВРАТИ ВАКЦИНИТЕ НА ИЗРАЕЛ

Вчера вечер палестинските власти го откажаа договорот за донирање на израелски вакцини против коронавирусот чиј рок на употреба наскоро ќе истече, бидејќи се покажа дека е пократок од договореното.

Затоа првата пратка од околу 90.000 дози вакцини е вратена во Израел, изјави портпаролот на палестинските власти, пренесува Ројтерс.

Договорот предвидуваше Израел да донира 1,4 милиони дози вакцини „Pfizer / BioNTech“ на палестинските власти, кои ќе истечат наскоро, додека Палестинците ќе му достават реципрочен број дози на Израел кога ќе добијат пратка од програмата Ковакс.

Иако договорот предвидува дека рокот за вакцини „истекува наскоро“, Палестинците го одобрија со цел да се забрза темпото на вакцинација на Западниот брег и Газа.

  • Ни рекоа дека рокот на траење е во јули или август, што е доволно време да се искористи. Но, се покажа дека рокот истекува во јуни. Тоа значи дека нема доволно време за употреба на вакцини, па затоа ги одбивме – им рече на новинарите палестинскиот министер за здравство Мај Алкалија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести