20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ОПШТА ЕВАКУАЦИЈА НА КРИМ

Скоро 1.800 лица беа евакуирани поради поплавите на Крим предизвикани од обилните дождови, објавија локалните служби за итни случаи.

Како што беше прецизирано, 1.773 лица беа евакуирани од поплавените подрачја, од кои 321 дете, а околу 200 лица добија привремено сместување, пренесува ТАЅЅ.

Едно лице загина во поплавите во Крим во петокот.

Во четвртокот наутро обилни дождови го погодија Крим, особено источниот дел на полуостровот, каде беа поплавени 300 домови, а беше прогласена и вонредна состојба поради поплавите.

Во Јалта за шест часа наврнало колку што паѓало нормално за еден месец, објави хидрометеоролошкиот центар на Крим.

Ситуацијата е тешка, а шефот на локалната администрација, Јањина Павленко, побара помош од командантот на Црноморската флота.

Помалите реки се излеаја од коритото и се слеваа по улиците, а водата се заканува да го загрози и електричниот систем.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести