7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Француското обвинителство побара затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози

Француското обвинителство денеска побара шестмесечна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кому му се суди за финансирање на неговата предизборна кампања во 2012 година, јави француската телевизија BFM.

Портпаролот на обвинителството не сакаше да ги коментира овие обвинувања, пренесува Ројтерс.

Саркози во вторникот ги негираше обвиненијата на судењето за незаконско финансирање на неговата неуспешна кампања, тврдејќи дека трошоците не биле негова одговорност.

Обвинителите велат дека Конзервативната партија на Саркози потрошила скоро двапати повеќе од 22,5 милиони евра дозволени со закон за големи јавни митинзи во кампањата, а потоа ангажирала пријателска агенција за односи со јавноста за да ги покрие трошоците.

Саркози пред судот изјави дека не бил вклучен во логистиката на неговата кампања и дека не знае како се трошеле парите за време на предизборните избори.

Ова не е прво обвинување против поранешниот претседател на Франција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести