13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Најголем пораст на новозаболени лица во Велика Британија од 19 февруари

Според податоците на владата, вчера се регистрирани 11.007 нови случаи, што е огромно зголемување во споредба со средата, кога беа евидентирани 9.055 новозаболени лица, објави Ројтерс.

Бројот на смртни случаи е двојно зголемен во споредба со вчерашниот на 19, што е најголема бројка од 11 мај.

Вкупниот број на жртви од коронавирус во Велика Британија е 127.945.

Велика Британија има најголем број смртни случаи од корона во Европа, иако стапката на смртност по глава на жител е поголема во Италија и поголемиот дел од источна Европа.

Нешто повеќе од 80 проценти од возрасните Британци ја примиле првата доза на COVID-19 вакцината, а 58 проценти добиле две дози, една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести