spot_img
18.8 C
Skopje
вторник, јуни 8, 2021
spot_img

ЕВЕ КОЈ Е ЛИКОТ КОЈ ГО ГЛЕДАТЕ НАСЕКАДЕ – ХАСБУЛА Е НАЈПОПУЛАРНИОТ ЛИК НА ИНТЕРНЕТ ВО МОМЕНТОВ (фото/видео)

Ако во последните неколку дена поминавте барем една минута на Instagram, TikTok или Twitter, тогаш сигурно го видовте лицето на рускиот блогер Хасбула Магомедов.

Хасбула или Мини Хабиб, како што сеуште го нарекуваат, има 18 години, е активен на социјалните мрежи од минатата година, но во последните неколку недели стана хит благодарение на TikTok.

Неговата популарност во моментов е толку голема што YouTube-ерот Логан Пол својата борба против Флојд Мејведер ја посвети на Хасбула.

Хасбула е роден со генетско нарушување што го запре неговиот раст на рана возраст. Иако има 18 години, тој тежи само 16 килограми и висок е околу 106 сантиметри. Потекнува од рускиот град Махачкала, од каде потекнува и борецот Хабиб Нурмагомедов.

Хасбула го доби прекарот Мини Хабиб поради видеото во кое тој го имитира познатиот борец и се здоби со популарност во заедницата ММА.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести