13.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ДАРКО ЛАЗИЌ ЛАЖЕЛ – Поранешната свршеница за прв пат ја откри целата вистина!

После низа шпекулации за односот меѓу пејачот Дарко Лазиќ и неговата сега веќе поранешна свршеница Марина, таа решила конечно да си ја отвори душата за медиумите во соседството и да открие што навистина се случува меѓу нив.

Дарко неодамна најави дека закажале свадба и дека таа ќе се случи на 24 јуни. Но Марина сега го демантирала неговото тврдење и рекла дека со месеци не се заедно.

„Не сме ни закажале свадба за да ја откажеме. Дарко и јас веќе сигурно 4 месеци не живееме заедно. Тој се слободен и може да прави што сака. Причините се јасни. Сметам дека не му доликува вакво однесување, но Боже мој, негов живот, негова работа“, рекла Марина и додала дека на Алексеј не му недостасува ништо и дека меѓу нејзиното семејство има доволно љубов.

Инаку, Дарко освен синот со Марина има и ќерка од бракот со колешката Ана Севиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести