spot_img
20.8 C
Skopje
недела, јуни 6, 2021
spot_img

СТРАШНО: Дете од Загреб починало откако испило литар енергетски пијалок

Залудни биле напорите на детскиот итен лекар на Универзитетскиот болнички центар Загреб да го спаси животот на тринаесетгодишник.

Момчето било донесено во болница во сериозна состојба откако одеднаш се срушило на улица додека трчал со  другарите од соседството. Неговото срце откажало и немало помош, а трагедијата наводно се случила откако момчето испило нешто повеќе од еден литар енергетски пијалок, објави Јутарњи

– За жал, момчето имаше кардиомиопатија, болест на срцевиот мускул што претходно не беше препознаена, па можно е големата количина кофеин и таурин во пијалокот да придонела за оваа трагедија. Но, не можевме со сигурност да ја потврдиме оваа врска“, вели д-р. Миливој Новак, помошник директор на КБЦ Загреб.

Тој додава дека за жал основната болест кај момчето била фатална бидејќи количината на кофеин што ја испил е еквивалентна на четири еспреса. Не би било толку опасно ако тринаесетгодишното момче немало заболено срце затоа што кардиопатијата го намалува истегнувањето на срцевиот мускул и го отежнува исполнувањето на срцевите комори со крв.

Но, д-р. Новак нагласува дека енергетските пијалоци не се здрави за возрасните, а камоли за децата, не само поради кофеинот, туку и поради големата количина шеќер. Кофеинот го забрзува ритамот на срцето, па затоа енергетскиот пијалок за веќе заболеното срце се чинеше фатален.

Досега, енергетските пијалоци главно беа причина за смртност кај младите луѓе кои ги мешаа со алкохол на забави, што е дополнителен ризик. Овој трагичен случај е предупредување дека овие пијалоци никогаш не смеат да бидат достапни за децата.

Читај Следно

10,365FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести