8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

МАКЕДОНЦИТЕ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО ВРАЊЕ

Во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Македонија без претходно закажување.

Сè што треба да сторат е да донесат важечки документ – пасош или лична карта, јави РТС.

Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Северна Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства.

Во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Северна Македонија.

-Немаме закажано, само што дојдовме, не примија. Сакам да му се заблогадарам на претседателот Александдар Вучиќ, алал да ти е човече, изјави за РТС на македонски јазик една жена.

Во анкетата на РТС, македонските граѓани изјавија дека се дојдено фамилијарно и покрај закажаниот термин во Скопје, како и дека младите се уште не се повикани за вакцинирање.

-Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни, изјави д-р Љиjана Антиќ, директор на Здравствениот дом во Врање.

Таа додаде дека има доволно вакцини и дека ќе добијат доволен број вакцини за граѓаните од Северна Македонија на кои на располагање им се вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“.

Вчера РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер.

До вчера во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на Република Северна Македонија, а двете дози ги имаат примено 836 лица.

Во четвртокот претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Македонија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести