spot_img
21.8 C
Skopje
среда, мај 26, 2021
spot_img

Крагуевската фабрика „Застава оружје“ соопшти дека склучила договор за извоз на ловно и спортско оружје во Америка во вредност од 235 милиони долари

Крагуевската фабрика „Застава оружје“ соопшти дека склучила договор за извоз на ловно и спортско оружје во Америка во вредност од 235 милиони долари.

Застава соопшти дека ова претставува враќање на компанијата на бараниот американски пазар.

„Со овој договор, фабриката обезбедува деловна стабилност на компанијата, која е столб на српската наменска индустрија, но исто така создава можности за техничко и технолошко подобрување на производствениот процес“, стои во изјавата потпишана од генералниот директор на фабриката во Крагуевац, Младен Петковиќ.

Според раководството, овој договор е „историски деловен потфат“ на фабриката.

Тоа е долгорочен аранжман на фабриката со деловни партнери од Америка, што ќе и обезбеди на фабриката во Крагуевац континуирано производство во следните шест години и сигурно работно место за 2.500 работници, пренесува Бета.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести