2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ГОЛЕМА АКЦИЈА: УАПСЕНИ 60 ПРИПАДНИЦИ НА КАВАЧКИОТ КЛАН

Словенечката полиција уапси десетици членови на огранок на Кавачкиот клан, чие упориште е во Црна Гора, а оперира  работи во Србија и во неколку други земји, додека во Македонија познат по лажните пасоши кои се издавале на членови на кланот.

Групата во Словенија е активна од 2018 година и има околу 60 члена, од кои повеќето се уапсени во операцијата спроведена од словенечката полиција во соработка со странски безбедносни служби пред околу десетина дена, во Љубљана, Марибор и Крањ и Копер.

Во соопштението се вели дека вкупно биле претресени 23 локации.

Акцијата е спроведена откако неодамна во Србија беше уапсен наводниот шеф на споменатата криминална организација која се занимава со шверц на дрога и оружје, пишува мариборскиот весник „Вечер“.

Десетици членови на словенечкиот дел од кланот наводно биле уапсени, но се додава дека некои од нив ќе се бранат од слобода.

Да потсетиме, војната на Кавачкиот клан со Шкаљарскиот со години ја тресе Србија и регионот, со бројни убиства и пресметки.

Слободан Кажелан и Радоје Звицер се истакнуваат како водечки луѓе на Кавачкиот клан.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести