13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Средба на претседателот Пендаровски со командантот на Копнените сили на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал Кристофер Каволи, командант на Копнените сили на САД за Европа и Африка.

На средбата беше изразено задоволство од севкупна билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и САД, особено во сферата на одбраната.

Претседателот Пендаровски истакна дека САД се клучен сојузник и поддржувач на нашата државата од нејзината независност и дека Северна Македонија особено ги цени односите со САД, како нејзин стратешки партнер. Членството во НАТО, истакна претседателот Пендаровски, дава дополнителна можност за зајакнување на партнерството.

Претседателот Пендаровски посочи на долгогодишната посветеност на Северна Македонија и нејзината Армија, преку континуирана соработка со САД да дава придонес во меѓународните мировни операции, вклучувајќи ги реализираните мисии во Ирак и во Авганистан.

На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупниот  придонес на САД во модернизацијата и опремувањето на Армијата на Република Северна Македонија, како и во обука и едукација на нејзините припадници.

Претседателот Пендаровски ги реафирмираше своите заложби за континуирано зголемување на буџетот во одбраната, до исполнување за зацртаната цел до 2024 година – најмалку 2 отсто од БДП да се инвестираат во модернизацијата и развојот на Армијата.

Пред соговорникот претседателот Пендаровски презентираше дел од постигнатите достигнувања и развојот на воените способности на Армијата, согласно потребите што произлегуваат од членството во НАТО.

На средбата беа разменети информации за текот на мултинационалната вежба „Одлучен удар 21”, што се одржува на армискиот полигон „Криволак“. Претседателот Пендаровски истакна дека со реализацијата на вежбата Армијата на Република Северна Македонија уште еднаш ја докажува својата подготвеност да дејствува координирано со нашите сојузници.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести