spot_img
23.8 C
Skopje
вторник, мај 25, 2021
spot_img

РАЗОТКРИЕНИ! Еве како и кој го слушал српскиот претседател Александар Вучиќ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин изјави дека луѓе биле ставани под мерки за следење на нивните разговори за да може да се прислушува српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој во емисијата „Дневни ред“ рече дека во случајот со прислушувањето на претседателот на Србија, имало брутална злоупотреба на системот.

„Имате 26 лица кои беа под мерки. Суштината на мерките е – следејќи ја комуникацијата на некои луѓе, добивате докази за извршени кривични дела. Ако имате 26 лица на кои им се изречени мерки, а никој од нив не е испрашуван или осомничен по година и пол, тогаш не можете да ми кажете дека овие луѓе биле под мерки затоа што се криминалци, туку затоа што биле во врска со претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство“, вели Вулин.

„Ние ги предадовме сите имиња на обвинителството, сега е време да го квалификуваме делото“, додаде тој.

Тој посочува дека е важно ова никогаш да не се повтори.

За аферата беше објавено крајотна 2020 и на почеток на 2021 година, а како што беше тогаш соопштено Вучиќ бил прислушкуван и тајно следен од моќен човек од врвот на државата

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 31 декември изјави дека бил прислушуван и дека „тоа го правеле домашни“, а „надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци“.

Тој изјави дека бил прислушуван долго време, од година до година и пол и рече дека има докази за тоа – свои снимени разговори, а верува и дека знае кој стои зад тоа.

Читај Следно

10,361FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести