spot_img
13.8 C
Skopje
сабота, мај 22, 2021
spot_img

Заев за „Коха“: По две децении граѓаните и економијата заслужуваат редовни парламентарни избори, сега не чекаат локални избори исклучително значајни за секојдневието

„Во отсуство на суштинска аргументација не треба да има предвремени парламентарни избори и по две децении ред е да одиме на редовни во 2024 година со цел да се даде шанса  економијата да живее, да функционира општеството и граѓаните да си го планираат својот живот и својата работа“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за весникот „Коха“.

Премиерот Заев посочи дека извесен период Парламентот беше блокиран поради пратеници болни од КОВИД -19, но тоа веќе нема да може да злоупотребува како аргумент бидејќи е во тек ревакцинацијата на пратениците.
 
Воедно претседателот на Владата Заев нагласи дека е нереално во отсуство на квалитетни концепти и стратегии од најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, таа да формира поголемо парламентарно мнозинство од актуелното, особено што досега преку користењето на деловничкото право да се поднесат илјадници амандмани само ја кочеа работата на Парламентот особено во Комисии каде што претседател е од опозицијата или слично, а тоа не се решава со нови парламентарни избори есента.

„Сега ни претстојат локални избори, многу важни избори за градоначалници и советите во општините. Исклучително значајни за животот на граѓаните, бидејќи секојдневното функционирање во огромен процент е врзан со општината. Под надлежност на општините се школите, градинките библиотеките, пожарните, комуналните претпријатија и нивното квалитетно функционирање е многу важно за секојдневието на граѓаните“, посочи премиерот Заев за весникот „Коха“.
 
Во однос на локалните избори тој истакна дека СДСМ ќе продолжи да ја негува отвореноста кон сите етнички заедници и градењето коалиции, бидејќи на ваков несебичен начин делејќи ја власта се добива во квалитет и таа станува подемократска.

„Лани ја направивме првата целосно мултиетничка коалиција со Движењето БЕСА, којашто влезе со нас и веројатно заедно ќе одиме на овие избори. Ќе направиме сè да одиме заедно како и со нашите други коалициони партнери, дали тоа ќе биде во втор круг или во прв круг зависи од кандидатите“, истакна претседателот на Владата Заев и додаде дека тоа е многу логично, природно и демократски.

Премиерот Заев истакна дека на локалните избори најважен е квалитетот на кандидатите кои ќе се понудат на граѓаните и затоа следува период на сериозни истражувања и анализи, теренски анкети со луѓето со цел да ни кажат што е најдобро, бидејќи тие кои ќе бидат поставени ќе им служат на граѓаните.
 
Тој посочи дека очекува успешни локални избори, пред сè демократски, фер и чесни и верува дека понесената победа ќе биде дополнителна потврда дека се движиме во вистинскиот правец, да се подобруваме и да им служиме на граѓаните.

Читај Следно

10,363FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести