6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Општина Охрид донесе решение за отстранување на времените објекти, во автокампот „Градиште“

Општина Охрид донесе решение за отстранување на времените објекти, во автокампот „Градиште“ откако беше извршен вонреден инспекциски надзор на 15 автокамп приколки и биле затекнати бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи.

Како што информира градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, при инспекцискиот надзор биле затекнати и недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти, а на одредени локации и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија.

– Овие дејствија во автокампот ‘Градиште’ се надвор од сите одобрени проекти и законски прописи токму затоа Општина Охрид апелира, сопствениците сами да ги отстранат сите доградби и надградби на камп-приколките во спротивно во следниот период ќе бидат отстранети. Општина Охрид и во следниот период ќе продолжи со спроведување на инспекциски контроли и во другите автокампови на крајбрежјето на Охридското Езеро, информира Георгиески.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести