Точната причина за смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона сè уште не е откриена.
Со месеци се сомневаше дека „Ел Пибе“ е убиен со можна намера, пренесуваат светските медиуми.
Агенцијата ЕФЕ известува дека седум лица се обвинети и ќе мора да дадат изјави во истрагата, а исто така им е забрането да ја напуштаат земјата.
Обвинети се неврохирургот Леополдо Лук, психијатарот Агустин Косаков, психологот Карлос Дијаз, медицинските работници Дијана Мадрид, Рикардо Алмирон, Маријано Перони и Ненси Форлини.
Доколку бидат прогласени за виновни, им се закануваат затворски казни од осум до 25 години.
