6.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

РОНАЛДО ГУБИ 25 ПРОЦЕНТИ ОД ПРИХОДОТ БЕЗ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ!

Јувентус ја освојува Серија А веќе девет години по ред, но постои можност следната сезона да не играат во Лигата на шампионите.

Ситуацијата за „старата дама“ пред последните 90 минути фудбал на Чизмата не е воопшто идеална затоа што мораат да ја совладаат Болоња, но и да чекаат на грешка на Милан или Наполи, реми или пораз, за ​​да стигнат до четвртото место и најелитното европско клупско натпреварување.

Доколку тоа не се случи, Јувентус сигурно ќе остане без главната sвезда на тимот, Кристијано Роналдо, чиј престој во клубот е директно поврзан со пласманот на тимот во Лигата на шампионите. Причината не е само од натпреварувачки карактер, бидејќи Португалецот има и голема финансиска причина.

Според одредени пресметки, Роналдо би останал без 25 проценти од приходите од разни сстрани, главно од спонзори, доколку не игра во елитно натпреварување следната сезона.

Тоа е огромна сума пари со оглед на сите приходи на португалската суперarвезда.
Значи, натпреварот помеѓу Јувентус и Болоња за викендот не е само за опстанок во Лигата на шампионите, туку ја решава и судбината на Кристијано Роналдо.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести