spot_img
19.8 C
Skopje
петок, мај 21, 2021
spot_img

Израел го објави списокот на жртви, сега е редот на Хамас!

Израелската армија соопшти дека за време на 11-дневниот конфликт во Појасот Газа, убила 25 високи команданти на милитантните групи Хамас и Исламски џихад и 200 оперативци.

Од друга страна, палестинското Министерство за здравство во Газа изјави дека во израелските напади биле убиени 232 лица, од кои 65 деца и 39 жени.

Хамас не го објави бројот на убиени борци, пренесува BBC.

Израелската војска исто така соопшти дека уништила повеќе од 100 километри подземна тунелска мрежа на Хамас во воздушни напади, како и стотици ракетни фрлачи и десетици објекти што ги користело военото крило на Хамас.

Се наведува дека израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“ пресретнал околу 90 проценти од ракетите истрелани од милитантите кон населените места.

Во 11-дневниот конфликт со Израел, повеќе од 4.340 ракети се лансирани од Појасот Газа.

Читај Следно

10,363FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести