Светски познатата пејачка Аријана Гранде застана на лудиот камен и му рече „да“ на својот избраник Далтон Гомез.
Како што претходно пишуваа странските медиуми, и двајцата сакаа мала и интимна венчавка, што на крајот и се случи. Тие направија тајна церемонија со само неколку гости.
Венчавката беше мала и интимна, со помалку од 20 луѓе. Двојката е пресреќна, како и нивното семејство – изјави за „People“ ПР на Аријана.
Инаку, Далтон ja вери младата sвезда во декември минатата година, што потоа го сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Instagram.
