Андреа Меза од Мексико е прогласена за најубава жена на светот откако минатогодишниот избор за Мис Универзум беше откажан поради пандемија.
Андреа има 26 години и по професија е инженер. Таа е борец за правата на жените, која тесно соработува со организации за борба против насилството.

Круната ѝ ја врачи Јужноафриканката Зозибини Тунизи, претходната Мис Универзум, која ја држеше престижната титула година и пол поради корона пандемијата, што ја прави најдолгата Мисица во историјата на тоа натпреварување. Андреа сака екстремни спортови, пеење и е туристички амбасадор во нејзиниот роден град Чивава.

По прелиминарната претквалификација одржана два дена пред финалето, беше одлучено девојките од Аргентина, Австралија, Бразил, Колумбија, Костарика, Курасао, Доминиканска Република, Франција, Велика Британија, Индија, Индонезија, Јамајка, Мексико, Мјанмар , Никарагва, Перу, Филипини, Порто Рико, Тајланд, САД, Виетнам ќе бидат меѓу 21-те најубави.

Меѓу петте најубави се претставничките од Бразил, Доминиканска Република, Индија, Мексико и Перу.
Прва Придружничка е Мис Бразил, додека втора е Мис Перу.
