Оваа емисија дефинитивно ќе ве насмее до солзи, затоа што водителот Стефан Лазаров за соговорник го има популарниот актер Васил Зафирчев. Но, она што дефинитивно ви недостасува на ТВ екрани, а во “Лазаров Шоу” ќе го видите е Марио од “Преспав”.
Васил уште еднаш покажа дека е голем професионалец и токму затоа публиката го обожава во секоја улога, но онаа која сите ги освои е улогата во мегапопуларната македонска серија “Преспав”.
На прашања ќе одговара Васил, но и Марио од “Преспав”, ќе слушнете многу интересни прашања и одговори и со сигурност ова шоу ќе ви стави насмевка на лицето кое ќе ја носите подолг период.
Најпопуларниот јутјубер Стефан Лазаров и медиа.мк секоја недела ви го поклонуваме нашиот проект “Лазаров Шоу” за вие гледачите да ги видите познатите во несекојдневно издание, да слушнете се што не сте слушнале и да видите се што не сте виделе само на јутјуб каналот на Лазаров.
