11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА ТРГНУВА ВО ЛОВ НА ВОНЗЕМЈАНИ

Познатата американска пејачка Деми Ловато наскоро ќе стане водител, додека емисијата што ќе ја води ќе се занимава со вонземјани.

  • Одам на патување во потрага по вонземјани – рече Деми, која ќе продуцира и ќе води емисија наречена „Unidentified “, сопственост на NBC.

Познатата пејачка со своите гости ќе разговара за вонземјани и вселенски суштества, а челниците на продуцентската куќа „Peacock“ кажаа повеќе за сè.

  • Деми планира да учи за вонземјани со интервјуирање научници, луѓе кои биле киднапирани од вонземјани и ќе спроведе свои експерименти со цел да иницира блиски средби и да склучи мир со вонземјаните и конечно да се спаси себеси – продуцентската куќа чиј проект е ова шоу.

Деми Ловато ќе биде придружувана од нејзината постара сестра Далас и најдобриот пријател Метју Монтгомери.

  • За време на оваа храбра авантура, таа надева дека ќе ги убеди своите пријатели, семејството и милиони свои следбеници не само дека има интелигентни суштества надвор од Земјата, туку и дека тие се тука – наведува „Peacock“

Сè уште не е познато кога ќе биде премиерно прикажано ова шоу со оригиналното име „Unidentified“, иако е познато дека ќе има четири дела.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести