7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Pradа продава мантили за кучиња за 500 долари

Модниот бренд Pradа дава можност вашето куче да се облекува во нивните иконски парчиња од глава до опашка.

Давајќи му ново значење на поимот „живот на кучиња“, Pradа дизајнираше капсулна колекција за кучиња со неколку луксузни парчиња за најразгалените кученца на планетата. Постои мини верзија на нивната парк јакна изработена од карактеристична најлонска ткаенина (едно од нивните најпродавани парчиња на сите времиња) во црно-бело.

Заедно со чудесната јакна, има и поводник кој вклучува торба за вреќи – докажувајќи дека официјално нема доволно банален артефакт што не станува инстантно предмет на желба со профитабилна интервенција во дизајнот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести