Маира Алонзо организираше проба на сопствениот погреб во нејзиниот дом во градот Сантијаго кон крајот на април. Пријателите и семејството плачеа и се збогуваа од Маира.
Жената се облекла во бело и легнала во ковчегот што го изнајмила за тој ден. Таа носела цветна круна и повремено имала памук во ноздрите, имитирајќи го третманот на лешовите во мртовечница.

Таа го опиша настанот како „остварување на сонот“ и им се заблагодари на пријателите, семејството и соседите што и помогнаа да го организира.
- Ако умрам утре, не сакам вистински погреб затоа што го сторив сето тоа во мојот живот, рече таа.

Корисниците на социјалните мрежи беа збунети од настанот, а некои ја критикуваа жената затоа што одржала лажен погреб во време кога толку многу животи беа изгубени поради вирусот корона.
Сепак, Алонзо рече дека нејзината смрт за време на пандемијата ја инспирирала да го прослави својот живот со лажен погреб.
