Меѓусебните напади меѓу Појасот Газа и Израел со ракети и бомби продолжија и денеска , но во малку помалку интензивна форма.
Како резултат на конфликтот од израелска страна, загинаа 7 лица, од кои 4 жени и едно дете на шест години. Нискиот број на жртви од Израелска страна се должи на успешниот противракетен систем, кој успеа да пресретне поголем дел од над 1000 ракети кои беа упатени спрема големите градови и населени места.
Од палестинска страна загинаа најмалку 83 лица, од кои 17 деца и 6 жени, но и десетици команданти на терористичката организација Хамас.
Стотици луѓе беа повредени од двете страни.
Во меѓувреме, израелската армија се подготвува за копнена операција, чие спроведување е се поверојатно, Израел мобилизира дел од резервистите.
Палестинците од друга страна, објавија дека се обидуваат да подготват одбрана, додека лидерот на Хамас објави дека Газа е подготвена да војува со Израел.
На социјалните мрежи, терористите од Хамас се пофалија дека сега ќе употребуваат и дронови против Израел, а на мета ќе им бидат аеродромите во земјата.
Дрон-самоубиец
Хамас го престави дронот-самоубиец како нов адут во борбата против Израел. Патем, ова оружје се користеше во војната во Јемен, од кога Хутите кои се поддржани од Иран ги користеа во нападот врз Саудиска Арабија.
Hamas Military Wing Al-Qassam have released footage of their drones used in recent attacks.
— Zaid Hamid (@ZaidZamanHamid) May 13, 2021
Hamas missiles are now targeting Israeli air ports 220 km away…All Israeli airports have shut down.
This new array of weapons is a strategic surprise for Israel.#GazaUnderAttack pic.twitter.com/zRmpaYNCdf
танува збор за „самоубиствено беспилотно летало“ со домет од 1000 километри кое што може да се користи за мисии за надгледување, но и напади на копно и вода.
Дронот кој што може да биде опремен со експлозивни направи, но не и ракети, поседува софистицирани камери и може без проблем да лета и навечер. Овој дрон самоубиец може да лета со брзина до 250 километри на час на 900 метри над Земјата или на само 50 сантиметри над водена површина, што значи дека ќе може да биде искористен и за напад на воени бродови.
