2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

„PFIZER“ ТАБЛЕТИ НАМЕСТО ВАКЦИНА?

Компанијата „Pfizer“ најавува дека до крајот на годината ќе пристигне ново оружје: таблета против коронавирус.

Според најавите, „анти-корона“ таблетата ќе биде ефикасна против неколку варијации на коронавирусот. Во моментов, компанијата тестира два лека против вирусот, едниот треба да се дава како вакцина, а другиот да се зема орално како пилула.

Точно кога ќе се користи новиот лек за коронавирус, сè уште не е познато. Од компанијата велат дека не можат да го одредат времето бидејќи сè зависи од успешноста на клиничките испитувања и добивањето дозвола за дистрибуција на овој лек.

Таблета „Pfizer“ против коронавирус
Иако веста за антикоронавирусната пилула одекна како бомба, „Pfizer“ всушност објави клинички испитувања на овој лек, познат како PF-07321332, уште во март. Таблетата е дизајнирана да го спречи вирусот SARS-CoV-2 со помош на инхибитор на протеаза.да се репродуцира во организмот. Инхибитори на протеаза обично се користат за лекување на други патогени, како што се хепатитис Ц и ХИВ.

  • Борбата против пандемијата на коронавирусите бара и превенција (преку вакцини), но и насочено лекување на оние кои се во контакт со вирусот, вели Микаел Долстен, главен научник во компанијата „Pfizer“.
  • Земајќи предвид како мутира коронавирусот и колку трае глобалната пандемија, се чини дека ќе биде потребно да се има терапевтска опција сега, но и по пандемијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести