Археолозите откриле остатоци од девет неандерталци во пештера недалеку од Рим, објави италијанското Министерство за култура.
Во соопштението се наведува дека остатоците се стари меѓу 50 000 и 68 000 години, а најстарите датираат од периодот од пред 90 000 и 100 000 години.
Остатоците се пронајдени во пештерите „Grota Gatari“ откриени пред повеќе од 80 години и се наоѓаат на околу 100 метри од брегот на Тиренското Море во регионот на Лацио.
Сликите објавени од Министерството за култура покажуваат коски, делови од черепот и други остатоци од телото. Неандерталец е име за посебен вид праисториски човек кој ја населувал Европа и дел од Азија пред околу 40 000 години.
