23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Венко Филипче: До 15 мај сите пријавени ќе добијат термин за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека до 15 мај сите  пријавени ќе добијат термин за вакцинација.

– Околу 160.000 граѓани кои се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk, а кои се уште не се вакцинирани некаде до 15 мај ќе добијат термин за вакцинација без разлика на возраста, вели министерот за здравство Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој очекува до крајот на летото да се создаде колективен имунитет.

Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера во цела држава вакцинирани се 97.004 граѓани, а преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ за вакцинирање се пријавиле 256.346 граѓани.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки 32 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштуваат од министерството.

Оттаму додаваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести