spot_img
25 C
Skopje
четврток, мај 6, 2021
spot_imgspot_img

Џеф Безос продаде акции од „Amazon“ во вредност од 2,5 милијарди долари

Основачот и извршен директор на „Amazon“, Џеф Безос, продаде акции од таа компанија во вредност од 2,5 милијарди долари.

Безос продаде околу 739.000 акции по цени кои се движеа од 3.274 до 3.485 американски долари по акција. При пресметувањето на даноците, Безос ќе добие 1,9 милијарди долари.

Безос е, инаку, „тежок“ околу 192,6 милијарди долари, што значи дека останува на позицијата најбогат во светот, пред основачот на „Tesla“, Илон Маск.

Овие трансакции се прва продажба на акциите на „Amazon“ оваа година. Минатата година Безос продаде повеќе од 10 милијарди долари акции во три серии – во август, ноември и февруари.

Продажбата на акции на Безос е дел од претходно утврдениот план за продажба на акциите на компанијата. Безос сè уште поседува скоро 52,5 проценти од акциите на „Amazon“ и поседува повеќе од 10 проценти од компанијата што е негов примарен извор на богатство.

Тој пред новинарите во 2017 година изјави дека продал акции во вредност од милијарда долари за една година, со цел да ја финансира компанијата за истражување на вселената „Blue Origin“, што тој самиот тој ја создаде.

Не е јасно дали продажбата оваа недела е наменета за финансирање на компанијата „Blue Origin“ или парите ќе бидат наменети за неговиот „Earth Fond“, кој се бори против климатските промени.

Безос ќе беше уште побогат ако не се разведе од Мекензи Скот, која доби удел од 4 проценти во „Amazon“ и стана една од најбогатите жени во светот и најважни филантропи.

Читај Следно

10,346FansLike
2,319SubscribersSubscribe
spot_img

Најнови Вести