25 C
Skopje
петок, април 30, 2021
spot_img

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале ковид треба да примат само една доза вакцина

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале ковид треба да примат само една доза вакцина. Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак на прес-конференција.

Според него, втората доза вакцина треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело и тоа три до шест месеци по закрепнувањето.

– Наша препорака е луѓето кои ја примиле првата доза на Астра Зенека, да примат и втора доза, рече Цапак.

Секој што ја прележал болеста ќе добие една доза вакцина, тоа е официјална одлука. Податоците за времетраењето на имунитетот по болеста покажуваат дека е тој трае три до шест месеци, а ние сметаме дека тој имунитет е доволен за шест месеци, рече директорот на ХЗЈЗ.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести