11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

52 патници влегоа во авионот со негативен тест а се симнаа позитивни

Најмалку 52 лица на летот Њу Делхи – Хонг Конг беа позитивни при слетувањето, иако покажаа негативен COVID-19 тест пред да се качат на авионот на аеродромот во Индија.

Сите патници кои биле позитивни, дошле со авион на индиската авиокомпанија „Vistara“, а летот бил извршен на 4 април, објави „Daily Mail“.

Хонг Конг бележи помалку случаи на ден отколку што имало на спорниот лет, бидејќи го стави под контрола четвртиот бран на пандемијата во јануари.

Во авионот имало 188 патници, но властите во Хонг Конг не соопштија колку персонал има.

Здравствените експерти проценија дека напредните системи за вентилација значително го намалуваат ризикот од инфекција во авионот и има многу претпоставки за тоа како се случило жариштето во авионот.

Прво, тие велат дека патниците можеби веќе биле заразни во Индија кога го направиле тестот не повеќе од 72 часа пред да се качат во авионот.

Второ, преоптоварениот индиски здравствен систем не може точно да открие случаи пред патниците да влезат во авионот и можно е поединци да ги фалсификувале тестовите.

Третата можност е патниците да биле заразени во еден од карантините хотели во Хонг Конг.

Исто така, постои можност некои патници да биле заразени со исклучително заразен вид на COVID, што може да се пренесе меѓу патниците и покрај напредните системи за вентилација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести