17 C
Skopje
вторник, април 27, 2021
spot_img

ПЕЈАЧКАТА И ДОКТОРКА СИМОНА ПОПОСКА СТАНА МАЈКА

Пејачката и докторка Симона Поповска ги изненади сите со објавата дека станала мајка и дека родила синче. И мајката и бебето се чувствуваат одлично, а во разговорот со неа таа се пошегува дека пандемијата и седењето дома ги искористила за проширување на семејството.

– Одлично се чувствувам и сум пресреќна, ни откри Симона.

Во изминатиот период Симона беше активна на социјалните мрежи, но фотографиите кои ги објавуваше или беа родендески честити на блиски пријатели или поврзани со нејзината работа во делот на естетските корекции, па речиси никој не се посомнева дека наскоро ќе стане мамичка.

Симона и сопругот Крис во брак се четири години, а нивната венчавка се случи во родниот крај на пејачката, односно крај Охридското Езеро.

Нека е жив и здрав јунакот и, секако, чекаме мекици!

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести