14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

РОБЕРТ ДЕ НИРО ВО ПРОБЛЕМ – РАБОТИ 12 ЧАСА ДНЕВНО ЗА ДА МОЖЕ ДА ЈА ОДДРЖУВА СОПРУГАТА ДОДЕКА СЕ РАЗВЕДАТ

Роберт Де Ниро поминува низ мачен развод: Работи по 12 часа дневно за да ги отплати трошоците на женаму која се расфрла

Познатиот глумец моментално е во процес на развод од 11 години помладата сопруга, која наводно му го загорчува животот.

Американскиот глумец Роберт Де Ниро (77) се разведува од сопругата Грејс Хајтауер после 20 години брак, а тешката бракоразводна парница му ги пореметила неговите финансии.

Адвокатјата на Де Ниро вели дека глумецот нема пари, со што е принуден да прифаќа улоги кои му се понудени, бидејќи Грејс за гардароба со потпис на британската дизајнерка Стела Мекартни, како и за накит троши околу 215.000 долари на крединти картици и околу 160.000 долари во готовина.

“Господинот Де Ниро има 77 години, иако ја сака својата работа, тој во тие години не би требал толку да работи со такво темпо. По 12 часа секој ден, без одмор“, рекла адвокатката и додала:

“Тој утре може да се разболи и тогаш се би се завршило“.

Богатството на глумецот еднаш е проценето на 350 милиони долари, кои ги стекнал во 50. годишна кариера. Сега прифаќа се да работи, па дури и реклами за автомобили, банки и кредитни картици.

Покрај тоа, Роберт на државата и должи данок и хонорарот двата следни филмови ќе одат исклучиво за таа цел, напоменувајќи дека на тоа влијаела и пандемија на корона вирусот.

Но, адвокатите на неговата сопруга тврдат спротивното. Имено се додека не се разведат, Де Ниро спрема предбарчниот договор треба на својата сопруга да и овозможи живот таков на кој таа се навикнала.

Нејзиниот адвокат потсетил и на тоа дека Роберт не штедел на своите трошоци. Па така наводно со хелихоптер одел на појадок, а своите пријатели на Флорида ги посетува со приватен авион.

Познатиот глумец Роберт Де Ниро и бившата стјуардеса Греја Хајтауер се венчале 1997, а синот Елиот го добиле 1998. Парот после раѓањето на синот побарале развод, иако тој никогаш не е завршен, со што од 2004 година повторно се заедно. Меѓутоа, 2018 година одекнала веста за разводот, каде што Грејс вршела притисок на познатиот глумец дека на суд ќе поднесе тужба за нивниот развод и дека за тоа ги известила медиумите и фотографите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести