20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

МОРНИЧАВА ПРИКАЗНА СЕ КРИЕ ЗАД СТИХОВИТЕ НА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ (видео)

Македонскиот „славеј“, трагично загинатиот пејач Тоше Проески, секогаш ќе остане запаметен и како извонреден пејач, и како голем хуманитарец и човек со големо срце и душа.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац. Тој имаше само 26 години.

Еден од неговите најголеми хитови секако беше песната „Соба за тага“, а малкумина знаат дека зад овој текст се крие една тажна приказна.

Имено, стиховите на овој хит наводно ги напишал еден човек во затвор кој издржувал казна заради убиство на љубовникот на неговата сопруга, а овие стихови тој ѝ ги посветил нејзе, пишува Слободен Печат.

Текстот стигнал до менаџерот на Тоше, кој му предложил на пејачот да ја сними таа песна, а останатото е историја.

Како што објавија медиумите, авторот на овие стихови наводно не сакал никакви пари за песната, туку само сакал посвета на оригиналниот албум, што и ја добил.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести