10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

СО ТИТАНИК ПЛОВЕЛ САМО ЕДЕН ЈАПОНЕЦ – Јапонија го ставила на ѕидот на срамот бидејќи се качил во чамците за спасување

15ти Април 1912 година. Некој тропа на вратата од кабината. Масабуми Хосоно отвора. Паника во ходникот – луѓе трчаат и викаат. Бродот за кој сите мислеа дека не може да потоне.

Масабуми тргнал кон палубата каде имало 20 чамци за спасување, односно место за само 64 лица. Од 2223 патници таа кобна вечер умреле 1517. Бројката на преживеани ќе била двојно поголема доколку имало повеќе чамци за спасување.

Одлуката која го обележи неговиот живот

Масабуми најпрвин не можел да се качи на палубата. Мислеле дека е патник од 3та класа, а тие патници биле последни на листата. Сепак успеал некако да се пробие. Го слушнал морнарот како вели дека има место за само уште двајца.

И покрај правиото дека предност имаат жените и децата, Масабуми решил да го пополни последното слободно место и да се спаси.

Но во Јапонија се вратил како човек без чест. Човекот кој го игнорираше правилото – прво жени и деца.

Впрочем, целиот негов живот бил етикетиран како кукавица. Бил прозван и од министри кои го нарекуваче со најразлични имиња и изјавила дека тој е срам на нацијата. Масабуми завршил и во некои учебници како пример за срамно однесување.

По враќањето дома добил и отказ на работа поради неговото неморално однесување на Титаник. Починал сам во својот дом во 1939 година.

Се плашел дека никогаш повеќе нема да ги види своите деца

Тој е роден во селото Хокура во централна Јапонија. По неговите студии се вработува во Митсубиши. По кратко време си дал отказ и завршил курс по руски јазик во Токио. По курсот се вработува како менаџер во железничка компанија. За кратко време станува и директор.

Оттаму се префрла со работа во Владата на Јапонија. А владата го испраќа на патување во Русија се со цел да го испита нивниот железнички систем. По посетата на Русија заминува во Лондон, па во Саутемптон од каде и се качува на Титаник. Имал пари за карта од 1 ред меѓутоа како странски државјанин не можел да купи таква па бил приморен да се вози во втора класа.

А кога бродот почнал да тоне, тој се плашел дека никогаш повеќе нема да може да ги види своите жена и деца.

-Се обидов да се подготвам за последниот момент, да заминам чесно и да не оставам дамка на мојот живот. Во исто време се надевав и чекав шанса за спас, открил тој.

Кога го чул морнарот како вика дека има место за уште двајца решил да си ја проба среќата.

-Се пријави еден човек пред мене а јас само го следев неговиот пример, вели тој.

Тој бил спасен заедно со другите кои се качиле во чамците за спасување. Веднаш по спасување тој напишал писмо во кое го опишува своето искуство на бродот Титаник. До ден денес тоа е единствениот познат документ.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести