10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ДРАМА: Фејсбук затвори официјална страница на француски град поради БИЗАРНА ПРИЧИНА (фото)

Компанијата Facebook ја затвори официјалната страница на францускиот град Bitche, најверојатно поради името што потсетува на англискиот погрден збор – кучка, пишува бриселски „Politico“.

Facebook страницата на малиот француски град на северозапад од областа Мосел ја затвори на 19 март, поради што официјалните лица отворија нова страница именувана по поштенскиот код „Mairie 57230“.

Официјални лица изјавија дека тие се жалеле на одлуката до технолошкиот гигант, но немало одговор.

Поради таа ситуација, друг град во тој регион ја преименува својата страница на Facebook од „Rorbah le Bitche“ во „Vil de Rorbah“.

  • Facebook се чини дека брка поими поврзани со Rorbah le … Претпоставувам дека ја знаете причината, рече градот во објавата на таа социјална мрежа.

Градот Bitche е познат по опсадата на истоимената тврдина, која траеше 230 дена за време на Француско-пруската војна од 1870 и 1871 година. Денес има околу 5.000 жители.

Се додава дека ова не е прв пат градот да биде подложен на цензура – американскиот амбасадор во Франција, Леви Парсонс Мортон, побара од Париз во 1881 година да го преименува плоштадот наречен по овој град поради неговото име.

Facebook сè уште не го коментирал случајот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести