“Апсењата во Турција и Шпанија, како и поддршката на САД амбасадата за акцијата ,,Двојник’’, уверливо покажува дека навистина станува збор за организирана истрага на меѓународно ниво, како што впрочем соопшти и МВР – која била саботирана со објавување на документи од страна на оној што ни името нејќам да му го спомнам, добиени од човек кој комуницирал често со дотичниот.
Чудно е што МВР и ЈО не покренуваат обвинение за саботажа, кога сите индиции одат натаму дека свесно за политички интерес, а можеби и за други интереси, оној упропастил меѓународна акција против фалсификатори и сл., и во таа смисла уште еднаш се потврдува дека го чуваат како ,,лидер’’ затоа што го победуваат 4 години а ќе го победуваат и уште 14, ако некој не го избрка.
Бидејќи јас со години не гледам алфа тв, платено пропагандно дувло и гебелсовско-ждановистички агитпроп на персоната кое треба државата да го затвори заради јавен интерес на објективно информирање, не знам дали стварно толку бил смешно патетичен за тоа демек некој му се заканувал по телефон и смс, па тоа е толку детски изговор и ефтин трик за мачкање очи на баграта негова и финта да се сожали народ врз него демек стварно открил афера а всушност саботирал легална акција на меѓународни безбедносни служби. Ефтино, провидно, а плус викаат дека имал силно лично обезбедување со партиски автомобили, што маж ќе беше толку да се плаши и покрај телохранителите, ептен војвода бестрашен, до коска ВМРО, хахаха (иронична насмевка).” – пишува Професорот Науновски.
