6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ГОКК ОДЗЕДЕ КОМПЈУТЕРИ И ДОКУМЕНТИ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ДРАГИ РАШКОВСКИ

Медиа.мк дознава дека претрес е извршен и во просториите на правниот факултет каде што работел Драги Рашковски, при што се запленети компјутери и документи.

Владиниот Генерален секретаријат во времето на Драги Рашковски набавил софтвер за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, а бил платен 81.000 евра.

По наредба на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, денеска беа извршени претреси во просторите на фирмата „Инвока гроуп“ и во домот на сопственикот на фирмата. Станува збор за фирма од која поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски набавил софтвер за казни за сообраќајни прекршоци, за којшто МВР тврдеше дена не било известено и немало потреба од него.

Обвинителството на 18 март отвори предистражна постапка по допрен глас во врска со набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни од страна на Генералниот секретаријат на Владата. Во таа насока издадени се повеќе наредби за прибирање на потребната документација. По наредбите постапуваат истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести