13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

НЕ МУ СЕ ИСПЛАТЕШЕ ФУНКЦИЈАТА: Трамп додека бил претседател загубил 1,6 милијарди долари

Богатството на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се намали за милијарда долари во текот на четирите години на чело на Америка, покажа најновата листа на Форбс.

Да продадеше сè и да ставеше сè во индексни фондови, имотот на Трамп ќе вредеше 1,6 милијарди долари, но наместо тоа, Трамп го задржа својот приватен бизнис ставајќи го во рацете на неговиот син Ерик, извршниот директор на организацијата на Трамп, пренесува „Daily Mail“.

Така, неговото богатство падна од три и пол милијарди долари, колку што имаше во 2017 година, на 2,4 милијарди.

Тој во моментов е на 1.299 место на листата милијардери во светот, што е пад од скоро 300 места, бидејќи минатата година беше 1.001.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести