6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

НЕВЕРОЈАТНО: Три пати преживеала клиничка смрт – еве како го опишува тоа чувство

Девојката, наводно, три пати била во клиничка смрт.

Рејчел Бојл, која страда од ретко нарушување – супервентрикуларна тахикардија, неколку пати умрела и се вратила во живот, а своето искуство со клиничката смрт го опиша на социјалната мрежа Тик Ток.

– О Боже. Јас всушност умрев три пати. Имав ретко срцево нарушување наречено СВТ, кое беше многу тешко да се лекува. Откако имав напад, пулсот ми скокна на околу 230 отчукувања во минута. Моето тело не можеше да се справи со тоа и само запре – рече Рејчел на видеото и продолжи:

– Се колнам дека ова се случи. Се чувствував како да сум надвор од моето тело. Видов само силно бело светло и моето тело. Времето минуваше многу, многу бавно. Како да се движев полека кон светлината. Тогаш одеднаш можев да се видам себеси, како да гледам надолу кон моето тело и размислував колку е лудо сево ова. Се сеќавам на сè толку јасно, истото се случи и следниот пат кога умрев за време на операција на срцето. Навистина е чудно, но убаво чувство. Тоа ме тера да се чувствувам малку подобро околу умирањето – заклучи таа.

Иако многу корисници не веруваа во нејзината приказна, Рејчел забележува дека доволно пати ги има слушнато овие коментари од разни скептици:

– Истото ми се случи три пати. Еднаш додека бев на операционата маса, кога почувствував дека душата ми скока од телото. Можев да се видам од птичја перспектива, бев точно над моето тело. Го видов на масата и немаше ништо околу мене, немаше опрема или хирург, само моето тело – објасни таа во коментарите и додаде дека секогаш се чувствувала „спокојно, мирно и магично“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести