6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Франција влезе во својата трета целосна блокада од почетокот на пандемијата

Франција влезе во својата трета целосна блокада од почетокот на пандемијата поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот, јави Би-би-си.

Сите училишта и продавници кои не се неопходни ќе бидат затворени четири недели, а полицискиот час ќе важи од 19:00 до 06:00 часот секој ден.

Бројот на сериозно болни пациенти во одделите за интензивна нега во петокот се зголеми за 145, што е најголем скок во претходните пет месеци.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети повеќе болнички кревети за пациентите.

Најголемата борба во Франција е во одделенијата за интензивна нега, каде што се лекуваат околу 5.000 пациенти.

Иако рестриктивните мерки стапија на сила вчера, од вторник на граѓаните ќе им треба потврда доколку планираат да патуваат на повеќе од 10 километри од нивниот дом.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести