7.8 C
Skopje
вторник, март 26, 2024

БУГАРИЈА ГЛАСА: Борисов очекува победа

Денес во Бугарија се гласа. Во тек се парламентарните избори до кои доаѓа по речиси една година од масовните протести против владата на премиерот Бојко Борисов. Ова се првите парламентарни избори во услови на пандемијата, на кои за 240 места во бугарскиот парламент учествуваат 6 895 кандидати од 30 партии и коалиции регистрирани за учество на изборите.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, претпладнето го даде својот глас на парламентарните избори, гласајќи во Банки, во близина на Софија

Борисов коментираше дека ова се најскапите избори досега во Бугарија, зашто речиси 50 милиони лева беа наменети за набавка на вакцини, а 50 милиони лева за машинско гласање.

„Деветте илјади гласачки машини беа земени за бугарските граѓани да можат да гласаат на фер и транспарентни избори“, кажа Борисов. Според него, парламентарните избори во Бугарија ќе чинат над 150 милиони лева.

Инаку, партијата на Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), е на власт една деценија, а според последните истражувања на јавното мислење, таа ќе биде прва владејачка партија и во новиот паралемент со околу 23 проценти од гласовите.

Овие резултати од изборите во Бугарија , според аналитачирите, може да ја принудат ГЕРБ да формира коалиција со различни партии за да го постигне мнозинството кое е потребно со цел Борисов да продолжи да биде премиер.

61-годишниот Борисов ја предводи бугарската политика откако ГЕРБ победи на изборите во 2009 година, но поддршката на партијата ослабна поради обвинувањата за корупција и начинот на кој се справи со пандемијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести