7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ЧУВАЈТЕ СИ КУЧЕ ! Луѓето кои чуваат се поотпорни на срцеви болести

Луѓето кои чуваат кучиња се поотпорни на срцеви болести, покажуваат низа истражувања. Според добиените резултати животот со куче позитивно влијае на општото здравје и расположение.

Истражувањето спроведено во Шведска на речиси 4 милиони луѓе на возраст од 40 до 80 години, открива дека живеењето со куче го намалува ризикот од сериозни срцеви болести.

Претходни истражувања покажаа дека сопствениците на кучиња имаат поголема отпорност на депресија и дека нивните миленичиња им помагаат кога се изолираат од светот.

Луѓето кои живеат со куче подобро реагираат на стрес, имаат поголема физичка активност и значително помало ниво на холестерол во крвта. Меѓутоа, во поглед на физичката активност, имало врска какво куче чувале испитаниците.Една жена која учествуваше во истражувањето рече дека додека бил жив нејзиниот златен ретривер со него пешачела по 10 километри дневно.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести