5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Д-р ДАНИЛОВСКИ: Пикот на третиот бран не очекува за две недели

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за околу две недели, некаде кон средината на април. Но, како што истакна во вестите на Канал 5, д-р Даниловски за да стигнеме до пикот имало период на качување. Сега треба да очекуваме уште еден толкав период на симнување, значи уште пет-шест недели.

Тој смета дека полицискиот час од 22 часот дал резултати, затоа што без него којзнае колкав ќе бил бројот на заразени и починати.

– Се намалија социјалните контакти и се спречи ширењето на вирусот, вели Даниловски.

Тој вели дека здравствените власти постојано информираат дека здравствениот систем не е под толкав притисок и дека има слободни кревети. Но, како што вели докторот, што е со медицинскиот персонал, и здравствено и емотивно тие се истоштени, а се истите кои постојано работат.

Даниловски смета дека нашиот народ живее нездраво и дека токму затоа Ковид-19 зема толку жртви.

– Тие се затвораат по кафеани, на домашни седенки, во обложувалници. Не се движат надвор, на свеж воздух. Повеќето се пушачи, нездраво се хранат и тоа се фактори придонесуваат болестите да имаат потешка слика, вели д-р Даниловски за Канал 5.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести